Life Pro Nutrition Macedonia

Бесплатна достава низ цела Македонија за нарачки над 2000 денари

ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Во случај на неможност за достава на платените производи не по вина на продажното место (на пр. поради несоодветна адреса, немање лице за прием на испорачаните производи, неодговарање на телефонски повици, неточен телефонски број и сл.) Life Pro Nutrition Macedonia се обврзува да ги врати средствата на трансакциска сметка на уплатувачот во рок од 14 дена од денот на утврдување на дефинитивна неможност за достава, намалени за трошоците за достава и враќање на производите до Life Pro Nutrition Macedonia . Во случај кога не е направена достава на платените производи по вина на продажното место по истекот на 48 часа од крајниот рок за достава, Life Pro Nutrition Macedonia се обврзува да ги врати уплатените средства на трансакциска сметка на уплатувачот во рок од 7 работни дена.

Во случај кога доставениот производ не е во согласност со описот поставен на интернет страницата, се постапува согласно писмени упатства на купувачот кој може да побара поврат на уплатените средства во рокови наведени во горниот став, или да добие процентуален попуст кој не може да надмине 10% од вредноста на погрешно доставениот производ/производи. Во случај на повлекување на корисникот на картичката од трансакцијата пред достава на производот, по добивање на писменото известување Life Pro Nutrition Macedonia ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на НЛБ Банка АД Скопје. Во случај на повлекување на корисникот на картичката од трансакцијата по уредна достава на производот, Life Pro Nutrition Macedonia откако ќе добие писмено известување од купувачот и откако ќе изврши квалитативен и квантитативен преглед на производите кои се враќаат (истите треба да се неотворени, амбалажно неоштетени, ниту со намалени квалитативни својства по ниедна основа), компанијата ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на НЛБ Банка АД Скопје плус трошоците за достава на производот и други трошоци кои евентуално можат да произлезат во секој конкретен случај.

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Споредете
Кошничка затвори