Life Pro Nutrition Macedonia

Бесплатна достава низ цела Македонија за нарачки над 2000 денари

Правила и услови

Ова се правилата и условите за регистрирани корисници на веб страницата lifepro.mk. Во овие правила и услови се содржани правилата и условите согласно кои можете да креирате кориснички профил на lifepro.mk и да направите купите производи преку онлајн продавницата на веб страната.

Примена на Правилата и условите

Овие правила и услови се применуваат на:

  • Односот помеѓу Life Pro Nutrition Macedonia (во натамошниот текст: „ние“) и регистрираните корисници на lifepro.mk (во натамошниот текст: „вие“) и
  • Купувањето производи од lifepro.mk од страна на регистрирани и нерегистрирани корисници.Плаќање онлајн преку НЛБ Банка. При онлајн плаќањето, купувачот ќе биде препратен на веб страна на НЛБ Банка со цел да го изврши плаќањето со внесување на бројот на платежната картичка и други податоци кои НЛБ Банка може да ги побара за да спроведе плаќањето. При тоа, Life Pro Nutrition Macedonia не ги собира, обработува, ниту чува податоците поврзани со платежната картичка, туку купувачот привремено излегува од електронската продавница на Life Pro Nutrition Macedonia, го врши плаќањето на веб локација на НЛБ Банка, по што се враќа во електронската продавница, а Life Pro Nutrition Macedonia добива потврда од НЛБ Банка дали плаќањето е извршено

Производи

Производите достапни на lifepro.mk се предмет на овие Правила и услови.

Продавачот го задржува правото да додава и отстранува производи од веб страницата без претходна најава.

Цена

Цената на секој производ е достапна на веб страницата.

Продавачот може да ја промени цената на секој производ без претходна најава. При купување на производ важи цената истакната на веб страницата за соодветниот производ во моментот на додавање на производот во кошничката.

Кој може да купи производ

Производ од lifepro.mk може да купи секое лице кое има навршено најмалку 14 години возраст. Со купување на производ преку веб страната потврдувате дека имате навршено најмалку 14 години.

Регистрација на кориснички профил

Секое лице кое има навршено најмалку 14 години може да креира кориснички профил на веб страницата и да се најави на истиот.

При креирањето на корисничкиот профил, потребно е корисникот да ги наведе своето име и презиме и е-маил адреса. Овие лични податоци се неопходни за креирање на корисничкиот профил на корисникот.

По сопствен избор, корисникот во веќе креираниот кориснички профил може да додаде и зачува една или повеќе адреси за испорака на производи и телефонски број за контакт. Доколку корисникот одлучи да не додаде адреса за испорака и телефонски број за контакт во неговиот кориснички профил, истите ќе треба да ги наведе при купувањето на производ.

Корисникот е одговорен за точноста на податоците. Ние не можеме да знаеме дали податоците кои ги давате се точни, ниту имаме како да ја провериме нивната точност. Вие сте одговорни за какви било последици кои настанале поради неточни податоци поднесени од ваша страна. Доколку побарате исправка на личните податоци, ние ќе направиме исправка согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Собирање и обработка на лични податоци

За креирање на кориснички профил на веб страната и за купување и испорака на производи неопходно е да собереме и обработиме ваши лични податоци, вклучително и вашето име и презиме, адреса за испорака, телефонски број, и други податоци кои ги внесувате при креирањето на профилот или при купувањето на производ.

Собирањето и обработката на овие лични податоци ја вршиме согласно член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци.

Можете да прочитате повеќе детали за собирањето и обработката на лични податоци кои ги вршиме во нашата политика за приватност.

Плаќање

Купувачот може да избере една од двете опции за плаќање на производите:

  • Плаќање во готово при испорака на производот. Во овој случај, купувачот ја исплаќа цената на доставувачот во моментот на испораката.
  • Плаќање онлајн преку НЛБ Банка. При онлајн плаќањето, купувачот ќе биде препратен на веб страна на НЛБ Банка со цел да го изврши плаќањето со внесување на бројот на платежната картичка и други податоци кои НЛБ Банка може да ги побара за да спроведе плаќањето. При тоа, Life Pro Nutrition Macedonia не ги собира, обработува, ниту чува податоците поврзани со платежната картичка, туку купувачот привремено излегува од електронската продавница на Life Pro Nutrition Macedonia, го врши плаќањето на веб локација на НЛБ Банка, по што се враќа во електронската продавница, а Life Pro Nutrition Macedonia добива потврда од НЛБ Банка дали плаќањето е извршено

Испорака

Користиме курирски служби за испорака на производите. Курирските служби се компании кои ја вршат испораката за нас.

Испораката се врши согласно Правилата за испорака достапни на веб страницата.

Рекламација и замена на нарачката

Можете да направите рекламација на доставен производ или да побарате замена за друг производ.

Правилата и условите под кои можете тоа да го сторите се вршат согласно правилата и условите достапни на следнитот линк:

Рекламација на производ

Забрани во врска со користењето на корисничкиот профил

Вашиот кориснички профил не смеете да го користите за:

  • Какви било незаконити дејствија или овозможување, помагање или поттикнување на друг да изврши такво дејствие
  • Повредување на правата од интелектуална сопственост на Life Pro Nutrition Macedonia или било кое друго лице
  • При комуникацијата преку профилот, при комуникацијата со Life Pro Nutrition Macedonia или приемот на производите да навредувате, клеветите, заплашувате, или на каков било начин ги вознемирувате лицата со кои сте во контакт, особено врз основа на нивната етничка припадност, раса, пол, род, сексуална ориентација, возраст, инвалидитет, или друга основа
  • Собирање или обработка на податоци од lifepro.mk, вклучително и производите и корисничките профили на корисниците
  • Ширење на вируси или друг малициозен софтвер
  • Било какво загрозување на безбедноста на lifepro.mk или на која било друга веб страница

Бришење на корисничкиот профил

Можете во секое време да го избришете вашиот кориснички профил на lifepro.mk.

Ние можеме, без претходна најава, да ви го избришеме корисничкиот профил доколку ги прекршите овие Правила и услови или поради друга причина доколку сметаме дека е соодветна за да ја прекинеме соработката со вас и да ви го избришеме корисничкиот профил.

Доколку било која од страните се одлучи да го избрише вашиот кориснички профил во момент кога помеѓу нас постојат права и обврски поврзани со испорака на производ, рекламација или замена на производ, таквите права и обврски ќе продолжат да постојат и по бришењето на корисничкиот профил се до нивното извршување.

Неприменливост на овие Правила и услови

Доколку поради која било причина некоја од одредбите од овие Правила и услови стане неприменлива, останатите одредби и понатаму ќе продолжат да се применуваат.

Спорови и надлежен суд

Доколку дојде до спор помеѓу продавачот и купувачот во врска со одредбите од овие Правила и услови, двете страни ќе се впуштат во разговори за надминување на несогласувањата и да дојдат до заеднички прифатливо решение.

Доколку продавачот и купувачот не ги надминат несогласувањата, евентуалните спорови ќе се решаваат согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија пред Граѓанскиот суд во Скопје.

Измени на овие Правила и услови

Life Pro Nutrition Macedonia го заджува правото да ги измени овие Правила и услови.

Во случај на измени, корисникот кој креирал кориснички профил ќе биде известен за измените на е-маил адресата најмалку седум дена пред измените да стапат во сила.

Доколку корисникот не се согласува со изменетите Правила и услови, може веднаш да го избрише својот кориснички профил.

Доколку корисникот не го избришал корисничкиот профил до моментот на стапувањето на измените во сила, се смета дека корисникот ги прифаќа изменетите Правила и услови.

Контакт

За какви било информации во врска со овие Правила и услови, можете да не контактирате на info@lifepro.mk.

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Споредете
Кошничка затвори